МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во очекување на магла и намалена видливост во котлините
Во овие ноќни часови во најголем дел од нашата Македонија имаме ведро и значително поладно време. Претежно е тивко или со слаб северен ветер. Денес наутро пак по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност која локално би можела да биде и густа и да предизвика намалена видливост. Токму поради ваквата состојба на возачите ги советувам да внимаваат како управуваат со своите возила и тоа поради очекуваната магла и намалена видливост.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во нашата Македонија до полноќ.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by