МетеоАларм најава за ладен и влажен бран кој ни носи дождови и снегови
Под влијание на влажни воздушни бранови од Медитеранот кои ќе бидат во склоп на поладен воздух кој ќе се спушта од север од вторник навечер (23 декември) па во деновите потоа времето во Македонија ќе биде претежно облачно и релативно ладно со повремени врнежи од дожд во поголем дел од Македонија додека на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег каде очекувам почеток на формирање на снежна покривка. Повремено врнежите ќе бидат пообилни а повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец.
И во Скопје и околината од вторник навечер (23 декември) па во деновите потоа ќе има повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени а преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 7/8 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија Четврток 14 Мај 2026 донесе ведро време со мала локална облачност а беше и невообичаено свежо за месец мај со подпросечни температури на воздухот. Најладно ова утро беше на Попова Шапка со измерен само 1 степен. Од градовите во Берово се измерени најниски 5 степени, а и во повеќето градови ова утро се измерени исто [...]


by