МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Доаѓа снег и бела покривка во Македонија
Под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот која ќе биде поврзана со ладен воздух од север и од североисток во текот на ноќта вторник кон среда и во среда 21 Јануари во Македонија ќе имаме врнежи кои ќе бидат најмногу од снег па така на повеќе пониски места (градовите) ќе се формира помала снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри а на високите и на планинските места таа ќе се зголеми.
Во среда на 21 Јануари ќе дува источен и југоисточен ветер кој особено во Повардарието повремено ќе засилува на интензитет.
Во Скопје и околината во среда на 21 Јануари ќе има повремени врнежи со слаб до умерен интензитет повремено и со умерен интензитет и тие ќе бидат од дожд и од снег а на околните планини и повисоки места од котлината врнежите ќе бидат само од снег. И во Скопје и околината во среда на 21 Јануари повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите тие наутро во среда на 21 Јануари ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен а преку денот пак тие ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 5 степени. Во Скопје и околината во среда на 21 Јануари наутро температурата ќе се спушти до околу -3 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 3 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Под влијание на малку поладен воздух на висина поврзан со атмосферски фронт од север и на високи летни температури на воздухот во долниот слој од атмосферата денот недела 31 Мај 2026, како и во првите денови од месец јуни во Македонија особено во попладневните часови ќе имаме дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација локално ќе се развиваат конвективни грмотевични [...]


by