ЛЕТОТО НЕ СЕ ДАВА: Летни септемвриски температури во Македонија и следната седмица!
Во текот на следната седмица нашата Република Македонија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка и истата ќе условува да имаме топло време со натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Само кон средината на седмицата ќе има повеќе облачност со услови за локален дожд и ретки грмежи.
Што се донесува до температурите тие во текот на следната седмица и понатаму на повеќе места ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 35 степени.
Слични температури, односно температури од над 30 степени ќе имаме и во Скопје и околината.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во нашата Република Македонија ни донесе топло и променливо време со локални врнежи од дожд. Температурите се многу повисоки за разлика од изминатите утрини и тоа поради влијанието на јужното и југозападното струење на висина кое придонесува за прилив на значително потопол воздух од југозапад. На табелата можете да ги видите денешните минимални температури и количеството на [...]