Ладен циклон од Јонско море ни носи многу дожд, снег и силен северен ветер
Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море во деновите среда и четврток (1/2 Април 2026) насекаде во Македонија времето ќе биде облачно и врнежливо со повремено обилни врнежи од дожд па така за време на овој период локално ќе наврне големо количество на дожд (над 50 литри на метар квадратен дожд). Поради продор на ладен воздух од север на планините и на повисоките места над 1000 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
На планинските места ќе се формира нова снежна покривка а на високите планини таа ќе се зголеми за околу па и за повеќе од 50 сантиметри нов снег. Можност за врнежи од дожд и од снег ќе има и во повисоките населени места со надморска височина од под 1000 метри особено во западните и во северните предели од Македонија. Повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен и од североисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60/65 км/час).
Во Скопје и околината за време на овој период времето ќе биде облачно и врнежливо со повремено пообилни врнежи од дожд а на околните повисоки планини повремено врнежите ќе бидат од снег. И во Скопје и околината повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие ќе бидат во опаѓање и под просекот за самиот почеток на месец Април. Наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 9 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 7 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Според од она што можам да го кажам во јавноста е тоа дека прогностичките модели упорно ни цртаат нагла и голема промена на времето за Велигденските празници во Македонија. Од 10 април (Велики петок) а особено на 11 април (Велика сабота) ќе дојде до продор на многу поладен воздух од север и формирање на снежен бран над Македонија кој [...]


by