Ладен бран во Македонија: Појава на мразеви за Богојавление (Водици)

За големиот Христијански празник Болијавление (Водици) територијата на Македонија ќе биде под влијание на ладна воздушна маса од исток и од североисток. Во ваква ситуација очекувам ниски температури на воздухот и појава на мразеви особено во утринските часови кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени. Ладно ќе биде  и преку денот на 19 Јануари кога температурите кај нас ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 8 степени.

Во Скопје  и околината за Водици на 19 Јануари наутро температурата ќе се спушти до околу -5 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 5 степени.

Времето пак ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а само локално можно е провејување на снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец  и истиот повремено ќе засилува на интензитет.







Занимливости