Ќе наврнат над 150 литри дожд, силен циклон од Џенова доаѓа во Македонија
Од понеделник (17 ноември) во нашата Република Македонија времето значително и нагло ќе се промени. Ќе потпаѓаме под влијание на циклонски систем со центар над Џенова и истиот уште во понеделник ќе услови облачноста кај нас да се зголемува а веќе од ноќта кон вторник од запад во нашата Македонија ќе се прошируваат обилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со грмежи.
Сето ова ќе биде проследено со засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).
Се на се следната седмица постои веројатност и за локални поплавувања во нашата Македонија поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Најобилни врнежи ќе имаме во западните предели каде вкупното количество на дожд ќе изнесува од 50 до 100 литри дожд на метар квадратен, локално и над 150 литри дожд.
Поради јужното воздушно струење кај нас температурите остануваат да бидат над просекот за ноември.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]


by