Ќе имаме краток прекин на врнежите во Македонија, по што идат нови врнежи
Во текот на ноќва и утре 28 Јануари среда претпладнето ни следува краткотрајно стабилизирање на времето и престанок на врнежите како и разведрување па така утрото на ден 28 Јануари 2026 среда ќе биде релативно ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени а преку денот температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 7 степени.
Сепак под влијание на циклонски систем со центар повторно над Џенова веќе во текот на попладневните и вечерните часови во среда 28 Јануари 2026 од запад во Македонија повторно ќе се прошируваат врнежи кои ќе бидат од дожд а на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег. Повторно ќе започне да дува јужен и југоисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.
Повремен локален дожд ќе има и во Скопје и околината во текот на попладнето и вечерта на ден 28 Јануари 2026 среда.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро ни донесе заладување на времето и пад на температурите на воздухот и тоа поради спуштање на поладен воздух од север. Осоебно во Повардарието повремено дува засилен ветер од северен и од северозападен правец а локално сеуште има слаби врнежи од дожд во градовите и од снег во повисоките населени места и на планините. Утрово до 7 часот [...]


by