ГОЛЕМА ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Многу ладно и многу магла имаме по котлините, на планините е потопло и сончево

Голема температурна инверзија имаме  и ова утро и претпладне во Македонија, котлините се многу поладни од планинските места и Скијачките центри, па така најладно утринава до 7 часот беше во Битола со -5 степени и во Прилеп со -4 степени. Највисока минимална температура во исто време е измерена во Гевгелија, и тоа 3 степени.

Снежната покривка утринава до 7 часот изнесуваше 40 сантиметри на Попова Шапка, 31 сантиметар во Маврово, 15 сантиметри во Крушево и 10 сантиметри во Битола.

На табелата можете да ги погледнете  и останатите температури измерени по градови и места утрово до 7 часот низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку, по котлините, особено оние во Полошкиот, Пелагонискиот  и Повардарскиот регион е многу магливо и со ниска облачност, па во овие котлини како што веќе напоменав е многу поладно за разлика од повисоките места, планините, секако вклучувајќи ги и Скијачките центри. Густа магла  секако има  и во Скопската котлина.







Занимливости

  • 21 Мај 2026

    Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас, во деновите петок, сабота  и недела (22/23/24 Мај 2026) во Македонија повторно очекувам поголема дестабилизација на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локално атмосферските процеси [...]