ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА: Температурите ќе се искачат над 40 степени – Во соседна Грција дури над 45 степени
Топлиот бран кој ќе започне да добива на интензитет и тоа уште од утре па за време на викендот, во текот на следната седмица ќе стане дури и екстремно топол, што значи дека очекуваме екстремно високи температури на воздухот кој насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени, на повеќе места температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат дури и 40 степени.
Од овој екстремно топол бран најпогодена ќе биде соседна Грција каде температурите локално ќе надминат дури и 45 степени.
За време на овој топол бран времето ќе биде сончево со мала локална облачност и суво насекаде низ Македонија. Повремено ќе засилува ветер од југозападен правец и истиот ќе биде многу топол.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 48 часа до 2 часот рано утринава во најголем дел од Македонија се забележаа врнежи од дожд кои особено во јужните и во западните предели повремено беа пообилни но сепак најобилни врнежи се забележани во јужните и во југоисточните предели од Македонија па така најмногу дожд во изминатите 48 часа до 2 часот рано утринава наврна во [...]


by