ЕКСТРЕМНО ТОПЛО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ И УТРЕ СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 40 СТЕПЕНИ: Меѓутоа, утре попладне можна е изолирана појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град

До крајот на денов, како и утре продолжува екстремно топлиот бран од Африка, па така и температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, тие во поголем дел од државава ќе се искачуваат  и до околу 35 степени, додека во Скопската котлина, во централните како и во југоисточните предели од државава локално ќе се искачат до, па  и над 40 степени.

Ув индексот  и понатаму ќе има екстремно висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 9 и 10, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности. Покрај топлотниот бран, во воздухот е присутно и поголемо количество на Сахарска прашина  и песок, па токму поради ова  и атмосферата е доста заматена, а сонцето го чувствуваме како да е од под облак, а времето е многу мачно и спарно.

Сепак, поради развивање на секундарен висински циклон над Средоземјето, од утре  попладне атмосферата во Македонија полека ќе почнува да се дестабилизира, па така утре попладне можна е изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на крупен град.








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]