Екстремен студ: Во Хрватска утрово температурата се спушти дури до -21 степен
Утрово целиот Балкан е под влијание на многу ладен бран кој се спушта од север и истиот условува да имаме релативно ведро и суво но екстремно ладно време на повеќе места во регионот. Во Хрватска и тоа во делови од Лици температурата ова утро се спушти дури до -21 степен.
&;
Денес пак денот ќе остане многу ладен со температури кај нас кои на повеќе места ќе останат под нулата и тие ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 4 степени а ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Според од она што можам да го кажам во јавноста е тоа дека прогностичките модели упорно ни цртаат нагла и голема промена на времето за Велигденските празници во Македонија. Од 10 април (Велики петок) а особено на 11 април (Велика сабота) ќе дојде до продор на многу поладен воздух од север и формирање на снежен бран над Македонија кој [...]


by