ЕКСТРЕМЕН СТУД ЈА ПОГОДИ ЕВРОПА: Температурите паднаа на -37 степени
Алпскиот регион беше погоден од екстремно студена ноќ во која температурите драстично паднаа. Студениот бран не ги погоди само планинските подрачја, минусот се почувствува и во низините, каде што живата во термометарот падна на -7 степени.
Најниската температура во Франција е забележана во алпската општина Ле Понте, каде што се измерени -27 степени. Во соседна Германија, во покраината Баден-Виртемберг, утринските мерења покажаа -24,1 степени.
Сепак, најдрастичниот пад на температурата се случи во Швајцарија. Градот Ле Бревин забележа -26,3 степени Целзиусови, додека областа Сагистала регистрираше екстремен студ од дури -36,8 степени, што е меѓу најниските вредности измерени во Европа оваа сезона. Во Алпите во северна Италија, температурата падна на -22°C.
На многу ниските температури им помогна разведрувањето по обилните снежни врнежи, па ноќта беше ведра. Многу студената воздушна маса продре сè до југот на Италија, но и до нашето подрачје.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Со продорот на значително полaден воздух од север кој ќе пристигне се до југот односно до Јонско море и јужен Јадран ќе дојде до формирање на секундарен циклон кој од ноќва и на ден недела 1 Февруари ќе ни донесе нов снег на повисоките населени места, планините и на Скијачките центри и нова снежна покривка со висина од 10 [...]


by