Џеновскиот циклон донесе обилни врнежи и грмежи во западна Македонија
Циклонот од Џенова во изминатите 24 часа до 7 часот утринава во Македонија насекаде ни донесе врнежи кои значително обилни и поројни и проследени со грмежи беа во западните предели каде наврна и најголемо количество на воден талог и тоа на повеќе места над 20 литри на метар квадратен дожд. На планините над 1400/1500 метри надморска височина имаше врнежи од снег а особено снежна бајка владееше на скијачкиот центар Попова Шапка.

На табелата која ја објави УХМР може да видиме дека во изминатите 24 часа до 7 часот утрово најмногу дожд наврна во Крушево и тоа 27 литри на метар квадратен дожд. Најниска температура ова утро е измерена на Попова Шапка и тоа 0 степени а највисока температура до 7 часот утрово беше измерена во Охрид, Велес и во Гевгелија и тоа 7 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by