Дождлив викенд пред нас со пообилни врнежи, на планините ќе врне снег

Циклонската активност која е активна над Џенова  како и нејзиното проширување над нашиот дел од Европскиот Континет и за време на викендов кај нас во Македонија ќе одржува многу променливо време со повремени локални врнежи од дожд кои на повеќе места  ќе ги има во текот на ноќта сабота кон недела  и во недела претпладне 8 февруари 2026  и локално тие повторно ќе бидат пообилни.

На планините особено во западните и во северозападните предели со надморска височина од над 1300/1400 метри ќе има врнежи од снег. Ќе дува повремено засилен ветер од западен а во недела 8 февруари 2026 од северозападен правец кога ќе настапи заладување на времето и продор на поладен воздух од север.

Во Скопје  и околината викендов ќе има повремен локален дожд а во недела 8 февруари поради продор на поладен воздух од север повремено ќе засилува ветер од северен и од северозападен правец.

Во недела 8 февруари 2026 значително ќе опаднат температурите  и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени. Во Скопје максималната температура во недела на 8 февруари 2026 ќе се искачи до околу 6/7 степени.







Занимливости