Кон Македонија се приближува нов бран на врнежи, обилни во западните предели
Влијанието на циклонските активности со центар над Џеновскиот залив продолжува во Македонија па така ќе продолжи и многу променливата временска состојба. На ден 6 февруари 2026 петок во западните предели од Македонија ќе имаме нови пообилни врнежи од дожд каде се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен дожд. На планините пак над 1500/1600 метри надморска височина ќе има врнежи од снег. Во останатите предели од Македонија времето ќе биде промнеливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет.
Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Услови за повремен локален дожд ќе има и во Скопје и околината.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат релативно високи и во поголем дел од Македонија тие ќе се искачуваат до околу 10 степени а локално тие ќе надминат и 10 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]


by