Доаѓа големо освежување на времето, пороен дожд и грмежи во Македонија!
Од понеделник (28 јули) во нашата Република Македонија, и тоа поради продор на значително посвеж воздух од север, ќе имаме значително освежување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец и пад на температурите на воздухот и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега.
Од понеделник (28 јули) на многу места низ нашата Македонија температурите ќе бидат под 30 степени, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе бидат за неколку степени над 30 степени, што значи дека ќе имаме многу пријатно време, односно посвежо време.
Уште посвежо пак ќе биде во ноќните и во утринските часови кога минималните температури во нашата Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 19 степени во Повардарието, односно во најтоплите предели од Македонија.
Исто така, следната седмица локално и повремено ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, а не се исклучува можноста и за локална појава на краткотрајно невреме со силен ветер и со појава на град.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро недела 25 Јануари 2026 во Македонија е претежно облачно и не многу ладно и е претежно суво засега. Дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот повремерно и локално засилува на интензитет. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро до 5 часот во Македонија. Може да видиме дека [...]


by