Длабок минус во Македонија ова утро: Температурата се спушти до -15 степени

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на релативно сува  и многу ладна воздушна маса која се спушта од север  и истата услови ова утро да имаме многу ладно време со многу ниски температури на воздухот кои насекаде беа под нулата. Повремено дува засилен ветер од северен правец. Најладно ова утро до 7 часот беше на Попова Шапка каде температурата се спушти дури до -15 степени.

Ова утро во Крушево се измерени 2 сантиметри снежна покривка. На табелата можете да ги видите измерените температури ова утро до 7 часот по градови и места во Македонија  и тоа на мерните станици на УХМР.