ДЕНЕС (ЧЕТВРТОК) ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе продолжи да дува засилен до силен западен и северозападен ветер

Поради продор на постудена воздушна маса од север, во текот на денешниот ден во Македонија ќе имаме значително постудено и променливо време. Во текот на претпладнево сеуште ќе има повремен локален дожд на ниските, и повремен снег во повисоките населени места и на планините, особено во западните  и во северните предели од Македонија.

Ќе дува засилен, до повремено силен ветер од западен и од северозападен правец (над 80 км/час) и истиот до крајот на денов краткотрајно ќе ја намали својата брзина.

Во Скопскиот регион претпладнево ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека на околните планини, како и во повисоките места од котлината, ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува засилен, до повремено силен ветер од северозападен правец.

Што се однесува до температурата, максималната дневна денес ќе биде значително пониска за разлика од вчера и ќе се искачува во интервалот од 4 до 12 степени, додека на високите  и на планинските места ќе биде  и уште постудено.

Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 10 степени.







Занимливости

  • 24 Мај 2026

    Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат  и 35 степени, особено во западна  и во југозападна Европа. Како што претходно [...]