Циклони од Џенова: Првата половина од февруари 2026 многу влажна
Првата половина од февруари 2026 во Македонија ќе биде многу променлива и често врнежлива. Постојано ќе бидеме под влијание на циклонски активности (поле со нисок воздушен притисок) со центар над Џеновскиот залив. Во ваква ситуација кај нас во Македонија ќе имаме често врнежливо време со повремено обилни и поројни врнежи од дожд проследени со ретки грмежи како и со повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
На планините пак над 1400/1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.
Очекувам локално да наврне значително количество на дожд и тоа над 50/60 литри на метар квадратен дожд. Токму поради ова овој месец повторно имаме опасност од ново излевање на реките и од нови поплавувања во Македонија.
Температурите пак во првата половина од февруари 2026 ќе бидат релативно високи и релативно над просекот за месец февруари што значи дека екстремни студови нема на повидок.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]


by