Циклон од Џенова: Нови обилни врнежи од дожд ќе има во западна Македонија
Циклонот од Џенова повторно се активира и го интензивира влијанието во Македонија, па така во следните часови во западните предели од Македонија ќе услови да имаме нови пообилни врнежи од дожд каде се очекува да наврнато нови околу па и над 20 литри дожд на метар квадратен додека на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.
Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во останатите предели од Македонија но тие ќе бидат со послаб интензитет за разлика од западните предели од Македонија каде што како што кажав погоре врнежите ќе бидат пообилни.
И во Скопје и околината во следните часови ќе има услови за повремен дожд а ќе дува и умерен до повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите тие во поголем дел од Македонија ќе се искачат до близу или околу 10 степени а локално тие ќе надминат 10 степени. Исклучок ќе бидат високите планини особено во западна Македонија и тоа со висина од над 1400/1500 метри каде како што кажав погоре ќе врне снег и температурата ќе се движи околу или за некој степен таа ќе биде под нулата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија ни донесе температури во најголем дел кои беа позитивни односно тие беа над нулата и немавме многу ладно време. Исклучок беше Беровскиот регион како и високите и планинските места каде температурата се спушти за некој степен под нулата и имаше појава на слаб мраз. На табелата можете да ги видите температурите измеррени ова утро до [...]


by