Македонија
Денешниот ден Среда 27 Мај 2026 повторно во Македонија ни донесе вистински летни температури на воздухот. Нашата територија се наоѓа под влијание на умерен топлотен бран кој продира од Африка. Времето е сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови од денешниот ден во североисточните и во источните планински предели имаше [...]
Под влијание на атмосферски фронт со поладен воздух на висина денот Четврток 28 Мај 2026 ни носи поголема дестабилизација на Атмосферата во Македонија. Времето ќе ни биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во пладневните а особено во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално [...]
Полека но сигруно во Македонија летото и летните температури на воздухот ни започнуваат, и тоа по долг период на нестабилно и ладно време со потпросечни температури на воздухот и со чести врнежи и грмежи како и со појава на планински снег кој го имавме до скоро време во Македонија , регионот и ширум Европскиот Континент. [...]
Денешниот ден Вторник 26 Мај 2026 во Македонија ни донесе вистински летни температури на воздухот и сончево време со појава на умерена локална облачност. Во попладневните часови во западните планински предели имаше ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Особено во Повардарието и во Скопскиот регион повремено засилуваше ветер од северен правец. Најтопло попладнево [...]
До раните попладневни часови од денешниот ден Втоник 26 Мај 2026 во Македонија имаме вистински летни температури на воздухот кои на Скопје Петровец и во Гевгелија тие надминаа 30 степени, односно на овие две места температурата до 12 и 30 часот денес се искачи до 31 степен. Времето е сончево со умерена локална облачност а [...]
Денешното претпладне Вторник 26 Мај 2026 во Македонија ни донесе топло време, имаме многу сонце низ Македонија и појава на мала до умерена локална облачност. Немаме некој изразен ветер во Македонија ова претпладне. Најтопло е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури во Македонија ова претпладне.
Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на умерен топол бран со потекло од Африка и истиот условува да имаме пријатни летни температури на воздухот кое се околу просекот за овој период од годината. Сепак атмосферата не е во целост стабилна, па во попладневните часови се создаваат услови за развој на локална нестабилност проследена со [...]
Најново видео обраќање до јавноста 👇
Новата седмица ни носи летни температури во Македонија кои на повеќе места ќе се искачуваат помеѓу 25 и 30 степени, додека во централните и во југоисточните предели, како и во Скопската котлина температурите ќе надминуваат 30 степени. Очекувам постабилна атмосфера во текот на новата седмица, но повремено и локално повторно секако може да рачунаме на [...]
Територијата на Македонија во текот на денешниот ден Недела 24 Мај 2026 ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас и на влажна и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од [...]











by