АНТИЦИКЛОН “ЗЕВС”: Во Македонија ќе донесе суво време, многу ниски утрински, и повисоки дневни температури!
Моќниот антициклон “Зевс” во Македонија во новата седмица пред нас ќе донесе суво време, а исто така ќе има и се повеќе сонце. Повремено, особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.
Поради ведрите ноќи и утра температурите наутро ќе бидат се пониски и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, понекаде тие ќе се спуштат и под -10 степени, со што на повеќе места ќе има појава на силен утрински мраз.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени, а кон крајот на работната седмица и за време на следниот викенд тие ќе бележат тенденција на понатамошен пораст.
Во Скопопје и околината ќе имаме слично време. Стабилно и суво со се повеќе сонце. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -5 и -1 степен, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 6 и 8 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија ни донесе ладно утро со температури кои на повеќе места се спуштија за неколку степени под нулата и имаше појава на слаб мрз. Исто така ова утро имаше појава и на умерена облачност а беше претежно тивко и без некој изразен ветер. На табелата објавена од страна на УХМР може да видиме дека најладно утрово [...]

by