АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Големо освежување на времето, чести врнежи и силен северен ветер!
Под влијание на студен фронт од север, денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, истите локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со силен северен ветер. Најмногу дожд се очекува да наврне во југоисточните предели (понекаде над 20 л/м2 воден талог).
Насекаде ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од североисточен правец (локално со брзина од над 60 км/час). Токму ова ќе услови пад на температурите дури за десет степени, и максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот само од 16 до 22 степени.
Потоа во следните денови останува ветровито и свежо време со повремен локален дожд. Особено свежо ќе биде во ноќните и во утринските часови кога понекаде температурата ќе се спушти и под 10 степени.
Во Скопје и околината ќе биде значително посвежо и ветровито, со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд, особено денес. Температурата наутро ќе се спушта до околу 15 степени, максималната пак ќе се искачи до околу 23 степени.
Со овој бран веќе чувствуваме дека есента полека но сигурно ни доаѓа.
Од друга страна пак, од денес попладне па се до петок, соседна Грција, особено централниот дел од државата ја очекува силно невреме и обилни врнежи кои ќе условат и големи поплави кои би можеле да бидат опасни по човечкиот живот. Локално се очекува воден талог дури повеќе од 200-300 литри. Затоа на нашите граѓани ги советуваме во никој случај да не патуваат во оваа наша соседна земја оваа седмица.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината. Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни [...]