АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во понеделник и во вторник попладне локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Можно е краткотрајно невреме

По стабилниот, сончев и сув викенд, во понеделник и во вторник во попладневните часови во Македонија ќе има изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Не се исклучува можноста и за појава на локално краткотрајно невреме.

И во делови од Скопската котлина во понеделник и во вторник во попладневните часови ќе има услови за краткотраен развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се донесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 32 и 34 степени.

Од среда влегуваме во период на стабилно и суво време насекаде низ Македонија, а ќе биде и се потопло поради нов продор на многу топла воздушна маса од северните предели на Африка која ќе услови значителен пораст на температурите на воздухот. Детална анализа околу новиот многу топол Африкански бран кој во Македонија доаѓа од среда 19.6.2024 следува во следните наши метео објави.







Занимливости