ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите од денес па се до недела ќе надминуваат 40 степени, меѓутоа во недела ни се заканува Суперќелијско невреме

До недела нашата територија ќе се наоѓа под влијание на веќе споменатиот екстремно топол бран кој продира од северните предели на Африка кон нашата територија, но и на територијата на целиот регион. Температурите насекаде во Македонија од денес, па се до недела ќе надминуваат 30 степени, додека во поголем дел од државава тие ќе се искачат  и до околу 35 степени а во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина  локално тие ќе надминуваат и 40 степени.

Ув индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 9  и 10, па поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Меѓутоа, веќе во недела во Македонија  и тоа поради влијание на висински циклон кој ќе биде со центар над Средоземјето во попладневните  и во вечерните часови атмосферата позначително ќе се дестабилизира, па така на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата, и тоа токму поради повеќе дневниот екстремно топол бран од Африка, локално се очекува појава на силно невреме со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер како и со појава на град кој во ваква ситуација големи се условите тој да биде и крупен.

Дури постои опасност од појава на Суперќелиски облаци како во Македонија, така  и во регионот за време на викендот кој доаѓа. Ваквите Суперќелии би можеле да предизвикаат дури и појава на торнадо или пак да предизвикаат штети во одредени области.







Занимливости

  • 24 Мај 2026

    Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат  и 35 степени, особено во западна  и во југозападна Европа. Како што претходно [...]