Викенд исполнет со многу сонце и со стабилно и суво време – Температура до 34 степени

Овој викенд во Македонија ќе го одбележи стабилно, суво и сончево време, особено утре и со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.

Преку денот температурите ќе бидат високи, но не толку високи како што беа изминатите денови, па така тие преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Во Скопје и околината исто така овој викенд ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 32 степени.







Занимливости

  • 24 Мај 2026

    Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат  и 35 степени, особено во западна  и во југозападна Европа. Како што претходно [...]