ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Особено свежо утро ни носи сабота, но времето овој викенд ќе биде стабилно и без врнежи – Преку ден до 36 степени
Викендот кој е пред нас ќе го одбележи стабилно, суво и сончево време, особено во недела и со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.
Сепак утрешното утро ќе биде и значително посвежо со минимални утрински температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени во најтоплите југоисточни предели од државава. Преку денот температурите ќе бидат високи, но не толку високи како што беа изминатите денови, па така тие преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.

Во Скопје и околината исто така овој викенд ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 33 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро недела 19 април 2026 во Македонија ни донесе ведро и поладно време а ветерот од северен правец кој го имавме до вчера, утринава значително ја намали својата брзина. Најладно ова утро е во Берово каде температурата се спушти на 0 степени. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.

by