НАЈАВА ЗА УШТЕ ПОТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од петок (7.6.2024), па се до вторник (11.6.2024) температури до околу 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса со петекло од северните предели на Африка, во Македонија од овој петок (7.6.2024), па се до вторник (11.6.2024) ќе имаме особено високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во централните  и во југоисточните предели температурите се очекува да се искачат дури до околу 40 степени.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, додека во попладневните часови не се исклучува можноста и тоа особено во планинските предели за појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје за време на овој топол бран и тоа во периодот од овој петок, па се до следниот вторник температурата ќе се искачи до околу 35 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност овие денови и ќе изнесува коефициент помеѓу 8 и 9.

 







Занимливости

  • 24 Мај 2026

    Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат  и 35 степени, особено во западна  и во југозападна Европа. Како што претходно [...]