Недела 17 Мај 2026 ни носи заладување и можен снег на планинските врвови

Во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре во текот на денот Недела 17 Мај 2026 поради продор на поладен воздух од северозапад преку Алпскиот регион ќе пристигне во Македонија  и ќе донесе заладување проследено со засилен ветер од северен и од северозападен правец и тој најизразен ќе биде во Повардарието и во источните предели од Македонија каде повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Ќе има и поовремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет а на највисоките планински места во Македонија (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови за слаби врнежи од снег.

И во Скопје  и околината денот Недела 17 Мај 20926 ни носи поголем пад на температурите  и засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Науто температурите во Недела на 17 Мај 2026 ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот само од 14 до 21 степен. Во Скопје и околината во Недела 17 Мај 2026 наутро температурата ќе се спушти до околу 6 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 19 степени.

Да напоменам дека овој продор на поладен воздух од северозапад преку Алпскиот регион повторно од ноќва  и утре Недела 17 Мај 2026 ќе ни донесе пониски температури од просечните за месец Мај 2026.







Занимливости