Петок 8 Мај 2026 ни носи пообилни врнежи, грмежи и можност за невреме
Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од Медитеранот на ден 8 Мај 2026 Петок во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и очекувам да наврнат над 15 литри на метар квадратен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Локално пак ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на невреме проследено со електрични празнења и со услови за појава на град.
Во Скопје и околината исто така денот Петок 8 Мај 2026 носи облачно и врнежливо време а во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени а во Скопје и околината максималната дневна температура ќе се искачи до околу 21 степен.
Да напоменам дека поради поизразеното јужно воздушно струење, од Сахара кон територијата на Македонија се врши транспорт на прашина и на песок па токму поради ова Атмосферата ќе биде заматена и нечиста а дождот кој го очекувам ќе биде валкан и помешан со Сахарската прашина и песок.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро сабота, 20 јуни во Македонија ни донесе ведро и релативно топло летно утро без никаква облачност и без некој изразен ветер. Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе, и тоа 9 степени а највисока температура утрово е измерена на Скопје Петровец и во Тополчани, и тоа 18 степени. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури [...]


by