Ладно утро имавме во Македонија, измерени се зимски -4 степени
Денешното утро во Македонија 23 април 2026 четврток во Македонија ни донесе намалување на облачноста и разведрување во најголем дел од Македонија и а врнежите насекаде престанаа. Најладно ова утро до 8 часот беше на Попова Шапка каде температурата се спушти на -4 степени.

Во изминатите 24 часа во поголем дел од Македонија имаше врнежи од дожд а на планините над 1300/1400 метри надморска височина врнежите беа од снег па така снег имаше и на планинскиот превој Стража, во Лазарополе и секако повеќе снег имаше на Попова Шапка а врнежи од снег имаше и во Маврово.
На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите минималните утрински температури измерени денес во Македонија до 8 часот утрово како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа исто така до 8 часот утрово и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во овие рани утрински часови во Македонија имаме ведро и релативно ладно време за овој период од годината а има и појава на мала до умерена локална облачност. Најладно во овие моменти од градовите е во Берово каде имаме температура која е под нулата, односно во овие моменти во Берово се мерат -1 степен и има појава на слаб [...]


by