СПАРНО ВРЕМЕ: Денешните температури ни беа повисоки од реално измерените
Денешниот ден четврток 16 април 2026 во Македонија донесе топло, мачно и спарно време а во атмосферата и понатаму имавме значително количество на Сахарска прашина и на песок па токму поради ова атмосферата и денес беше заматена и нечиста.
Да напоменам дека денешните максимални температури измерени во Македонија се чувствуваа како да се повисоки од реално измерените и тоа поради спарното време и поради зголемената влажност во воздухот.

На табелата која попладнево ја објави УХМР можете да ги видите измерените максимални температури на воздухот денес по градови и места во Македонија до 17 часот попладнево и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат и 35 степени, особено во западна и во југозападна Европа. Како што претходно [...]


by