Ладен бран и враќање на зимата на Балканот од, и по 17-ти март?!
Според последното ажурирање на прогностичките материјали можам да изјавам пред јавноста дека од, и по 17-ти март 2026 на повидок е спуштање на ладен бран од север кон Балканот и секако кон Македонија. Во ваква ситуација можно е враќање на зимските температури и на снегот особено на планинските и повисоките места, но можна е и појавата на утрински мразеви.
Барем одсега гледано појава на снег од и по 17-ти март 2026 можно е да има и на местата со помала надморска височина, односно на местата со надморска височина од под 1000 метри.
Состојбата постојано ја следам околу ова можно сценарио, многу повеќе и појасни детали околу ова следуваат во следните мои метео објави.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Под влијание на малку поладен воздух на висина поврзан со атмосферски фронт од север и на високи летни температури на воздухот во долниот слој од атмосферата денот недела 31 Мај 2026, како и во првите денови од месец јуни во Македонија особено во попладневните часови ќе имаме дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација локално ќе се развиваат конвективни грмотевични [...]


by