Врнежи на повеќе места во Македонија, на Попова Шапка има над 60 см снег
Денешното утро во Македонија ни донесе претежно облачно време но сепак температурите речиси насекаде беа позитивни и над нулата освен на Скијачките центри Попова Шапка и Маврово каде температурата се спушти за некој степен под нулата.

Во изминатите 24 часа исто така во Македонија на повеќе места имаше повремени врнежи од дожд а на повисоките планини со надморска височина од над 1400/1500 метри имаше врнежи од снег па така снежната покривка на Попова Шапка се зголеми и изнесува над 60 сантиметри. На табелата која ја објави УХМР може да ги видиме температурите измерени ова утро до 7 часот по градови и места во Македонија како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа исто така до 7 часот утрово.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија ни донесе температури кои насекаде се позитивни односно над нулата и претежно облачно време а во јужните и во југозападните предели имаме и локални врнежи од дожд. на високите планини со надморска височина од над 1400/1500 метри има врнежи од дожд и од снег. Најголема снежна покривка пак има на Попова Шапка каде таа изнесува [...]


by