Продор на малку поладен воздух од север, викендов ќе биде поладен но сув
Под влијание на стабилна но малку поладна воздушна маса од север, за време на овој викенд времето во Македонија ќе биде стабилно и поладно со пониски температури преку ден и претежно ќе биде тивко и без ветер. Локално ќе има позначителна облачност а во дел од котлините ќе биде магливо и со ниска облачност.
Во Скопје и околината исто така за време на овој викенд времето ќе биде стабилно, суво и тивко со умерена облачност. Во дел од котлината ќе има појава на магла и на ниска облачност особено во утринските и во ноќните часови.
Што се однесува до температурите тие наутро и понатаму на повеќе места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата и ќе има појава на слана и на мраз. Преку ден пак температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени. Во Скопје и околината овој викенд температурата преку ден ќе се искачува до околу 10 степени а наутро таа ќе се спушта до околу или за некој степен под нулата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Под влијание на малку поладен воздух на висина поврзан со атмосферски фронт од север и на високи летни температури на воздухот во долниот слој од атмосферата денот недела 31 Мај 2026, како и во првите денови од месец јуни во Македонија особено во попладневните часови ќе имаме дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација локално ќе се развиваат конвективни грмотевични [...]


by