Утрово ладно време имавме насекаде во Македонија со појава на слана и на мраз

Денешното утро во Македонија ни донесе ведро и ладно време со умерена локална облачност. Во дел од котлините имаше појава на магла  и на значителна ниска облачност. Беше тивко и без ветер.

На табелата можете да ги видите температурите измерени ова утро до 7 часот по градови и места во Македонија и тоа на мерните станици на УХМР.

Поради ниските температури и ова утро во поголем дел од Македонија имаше појава на слана  и на мраз.







Занимливости

  • 24 Мај 2026

    Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат  и 35 степени, особено во западна  и во југозападна Европа. Како што претходно [...]