Наврна многу дожд во изминатите 72 часа кај нас, максимални 66 литри

Во изминатите 72 часа територијата на нашата Република Македонија беше под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот кои условија да имаме чести и обилни врнежи од дожд повремено проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер  од јужен и од југоисточен правец. Повремено овие процеси беа застапени во форма на невреме.

Најмногу дожд во изминатите 72 часа наврна во Охрид  и тоа 66 литри дожд на метар квадратен. Исто така многу дожд наврна  и во Гевгелија  и тоа 62 литри дожд на метар квадратен. Локално значително количество на воден талог во литри на метар квадратен наврна  и во другите места и градови во нашата Македонија.

На метеоролошката карта можете да го видите наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изимнатите 72 часа во нашата Македонија.







Занимливости