Уживајте уште некој ден во сонцето и во топлото време
До 25 септември (четврток) во нашата Република Македонија времето ќе биде без промени, односно останува стабилно и сончево со постепено зголемување на облачноста од среда попладне и навечер (24 септември). Наутро останува малку посвежо времето а преку ден ќе биде топло со температури кои на повеќе места ќе надминуваат 25 степени или ќе се искачуваат близу 30 степени, а во Повардарието и во Скопскиот регион температурите ќе надминуваат 30 степени.
За време на овој период ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југоисточен правец.
Промена на времето со зголемена облачност, поголем пад на температурите и локални врнежи од дожд ќе имаме од четврток (25 септември) попладне и навечер.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија Четврток 14 Мај 2026 донесе ведро време со мала локална облачност а беше и невообичаено свежо за месец мај со подпросечни температури на воздухот. Најладно ова утро беше на Попова Шапка со измерен само 1 степен. Од градовите во Берово се измерени најниски 5 степени, а и во повеќето градови ова утро се измерени исто [...]


by