Охридско – Преспанскиот регион зафатен од невреме!
Во овие моменти во Охридско – Преспанскиот регион се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои има локална појава на поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Атмосферските процеси се во форма на невреме, односно поинтензивни.

На радарската слика можете да видите дека во Охридско – Преспанскиот регион атмосферата се активира. Радарската слика е превземена од УХМР.
Во продолжение потсетете се на најновата метео анализа направена од моја страна 👇
Може ќе ве интересира
Занимливости
Под влијание на малку поладен воздух на висина поврзан со атмосферски фронт од север и на високи летни температури на воздухот во долниот слој од атмосферата денот недела 31 Мај 2026, како и во првите денови од месец јуни во Македонија особено во попладневните часови ќе имаме дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација локално ќе се развиваат конвективни грмотевични [...]


by