Многу топло низ Македонија, се мерат многу високи температури!
Во овие попладневни часови времето во нашата Република Македонија е сончево и многу топло и без облачност. Повремено засилува ветер од источен и од североисточен правец. Најтопло во овие попладневни часови кај нас е во Гевгелија и во Скопје Зајчеврид со измерени 37 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите и останатите температури измерени во Македонија ова попладне. Може да се види дека насекаде имаме многу топло време.
Инаку, до крајот на денов температурите особено во Повардарието и во југоисточните предели од нашата Македонија ќе се искачат до околу 40 степени. Апелирам, без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) а исто така граѓаните да пијат и повеќе течности.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро недела 19 април 2026 во Македонија ни донесе ведро и поладно време а ветерот од северен правец кој го имавме до вчера, утринава значително ја намали својата брзина. Најладно ова утро е во Берово каде температурата се спушти на 0 степени. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.


by