ДОАЃА ПОСВЕЖ ВОЗДУХ ОД СЕВЕР: Повторно врнежи и грмежи од четврток!

Под влијание на брз продор на посвежа воздушна маса од север, во нашата Република Македонија во четврток попладне  и навечер (17 јули) како и во петок (18 јули) особено во претпладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер од северен правец, а ќе има услови и за појава на локално невреме.

И во Скопје  и околината овој брз продор на посвежа воздушна маса од север ќе биде проследена со засилен ветер од северен правец, локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со услови за појава на краткотрајно невреме во делови од котлината.

Што се однесува до температурите, тие во петок (18 јули) ќе бидат пониски од сегашните за 4 до 6 степени и максималните дневни температури во петок ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. Во Скопје и околината во петок максималната дневна температура во петок ќе се искачи до околу 28 степени.







Занимливости

  • 24 Мај 2026

    Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат  и 35 степени, особено во западна  и во југозападна Европа. Како што претходно [...]