Температурите се во пораст, денес (11 јули) имавме потопло време!
Денешниот ден (петок 11 јули) во нашата Република Македонија помина во знакот на сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Сепак и покрај ова, температурите полека но сигурно започнаа да бидат во пораст, што значи дека денес имавме потопло време со повисоки температури на воздухот за разлика од изминатите два дена кога имавме посвежо време, а наутро беше и многу свежо со минимални температури кои на повеќе места се спуштаа под 10 степени.

На табелата можете да ги видите денешните температури измерени во нашата Македонија до 17 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР. Станува збор за максимални дневни температури на воздухот во нашата Македонија за денес (петок 11 јули).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Недела 31 Мај 2026 во Македонија ни донесе ведро и не многу свежо време Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. Најсвежо до 8 часот утрово беше во Берово со измерена минимална температура од 6 степени а највисока минимална температура ова утро исто така до 8 часот беше измеена на Тополчани и тоа 15 степени. На [...]


by