ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Ќе имаме летен викенд, температурите ќе се искачат до 30 степени!
Под влијание на топла и стабилна воздушна маса од југ, за време на овој викенд времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и топло со појава на мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец кој во недела (4 мај) повремено ќе засилува на интензитет.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде слично како и во другите предели од нашата Македонија, со максимална дневна температура која ќе се искачи до околу 30 степени.
Дестабилизирање на атмосферата и појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има уште од самиот почеток на следната седмица, но детална метео анализа околу ова следува во следните мои метео објави.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија Четврток 14 Мај 2026 донесе ведро време со мала локална облачност а беше и невообичаено свежо за месец мај со подпросечни температури на воздухот. Најладно ова утро беше на Попова Шапка со измерен само 1 степен. Од градовите во Берово се измерени најниски 5 степени, а и во повеќето градови ова утро се измерени исто [...]


by