Снежен циклон во Македонија: Забрана за Т.Т.В насекаде низ планинските превои!

ЈП МАКЕДОНИЈА  ПАТ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила од 15.25 часот се воведени на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и  на патниот правец крак Маврово – Дебар, од   16.20 часот на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато и од 17.00 часот на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Од 18.00 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови на возила.      

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.







Занимливости

  • 28 Апр 2026

    Денешниот ден 28 април 2026 вторник во Македонија помина во знакот на вистински пролетен ден со високи пролетни температури на воздухот. Времето беше претежно стабилно, суво и сончево со попладневно локално зголемување на облачноста особено во југозападните предели каде имаше појава на локален краткотраен дожд особено во планинските предели. Најтопло денес до 17 часот беше на Скопје Петровец каде [...]