Ладно време имаме вечерва во Македонија, во западните и во југозападните предели започна провејување на снег!
Вечерва повеќе облачност имаме во западната половина од нашата Македонија, а особено на планините има провејување на снег, додека на пониските места врне локален слаб дожд, кој понатаму во дел од градовите во овие предели ќе биде во вид на слаб снег.
Врнежите и утре (среда 12 февруари) ќе ги имаме особено во западните и во југозападните предели и ќе бидат со слаб до умерен интензитет и претежно од снег. Само во дел од градовите тие ќе бидат во вид на дожд и на снег. Снежната покривка на планинските места и на Скијачките центри ќе се зголеми.

На табелата можете да ги погледнете температурите измерени по градови и места низ Македонија, и тоа вечерва до 19 часот, на мерните станици на УХМР. Снежната покривка на Скијачките центри изнесува 31 сантиметер на Попова Шапка и 13 сантиметри во Маврово.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро недела 19 април 2026 во Македонија ни донесе ведро и поладно време а ветерот од северен правец кој го имавме до вчера, утринава значително ја намали својата брзина. Најладно ова утро е во Берово каде температурата се спушти на 0 степени. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.


by