ГОЛЕМА ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Многу ладно и многу магла имаме по котлините, на планините е потопло и сончево
Голема температурна инверзија имаме и ова утро и претпладне во Македонија, котлините се многу поладни од планинските места и Скијачките центри, па така најладно утринава до 7 часот беше во Битола со -5 степени и во Прилеп со -4 степени. Највисока минимална температура во исто време е измерена во Гевгелија, и тоа 3 степени.
Снежната покривка утринава до 7 часот изнесуваше 40 сантиметри на Попова Шапка, 31 сантиметар во Маврово, 15 сантиметри во Крушево и 10 сантиметри во Битола.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места утрово до 7 часот низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку, по котлините, особено оние во Полошкиот, Пелагонискиот и Повардарскиот регион е многу магливо и со ниска облачност, па во овие котлини како што веќе напоменав е многу поладно за разлика од повисоките места, планините, секако вклучувајќи ги и Скијачките центри. Густа магла секако има и во Скопската котлина.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат и 35 степени, особено во западна и во југозападна Европа. Како што претходно [...]


by