Пред надоаѓањето на заладувањето и на обилните врнежи, во моментов имаме пролетни температури во Македонија
Поради изразеното јужно и југозападно струење, но и поради јужниот и југозападниот ветер, ова попладне во Македонија имаме пролетни температури во делови од Македонија, кои достигнуваат и до 17 степени.

На картата можете да ги погледнете температурите измерени во овие рани попладневни часови. Инаку, пред нас е бурна ноќ, со засилен до силен ветер од југозападен и од западен правец (повремено и локално со брзина од над 80/90/ км/час, додека на планините и до околу 100 км/час). Сето ова ќе биде проследено и со обилни врнежи од дожд, кои полека на планините ќе преминуваат во врнежи од снег и тоа поради продорот на поладен воздух од север.
На планините до утре ќе има формирање на снежна покривка. Во текот на претстојната ноќ исто така ќе има услови и за локална појава на грмежи, особено во западните предели.
Утре, за разлика од денес, температурите ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени. Во Скопје утре температурата ќе се искачи до околу 11 степени.
Што се однесува до температурите во текот на претстојната ноќ, тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 14 степени, но до утре во утринските часови тие ќе бидат уште пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 12 степени во најтоплите југоисточни предели од Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат и 35 степени, особено во западна и во југозападна Европа. Како што претходно [...]

by