Денешното утро во Македонија повеќе наликува на зима од колку на Октомвриска есен: Температурите паднаа на -3 степени!
Денешното утро во Македонија повеќе наликува на зима, од колку на Октомвриска есен. Утринава и тоа до 8 часот најстудено беше во Берово со измерена температура од -3 степени, додека највисока минимална температура утринава е измерена во Охрид, Виница и во Крушево, и тоа 6 степени.

На табелата можете да ги погледнете и останатите минимални температури измерени утринава по градови и места во Македонија до 8 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.
Да напоменеме дека по одделни котлини и речни долини утринава има појава на магла или на ниска облачност, која во текот на денов ќе се расчисти.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Под влијание на малку поладен воздух на висина поврзан со атмосферски фронт од север и на високи летни температури на воздухот во долниот слој од атмосферата денот недела 31 Мај 2026, како и во првите денови од месец јуни во Македонија особено во попладневните часови ќе имаме дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација локално ќе се развиваат конвективни грмотевични [...]


by