МНОГУ ТОПЛО УШТЕ ОД УТРИНАВА – ДЕНЕС МАКСИМУМОТ НА КРАТКИОТ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија очекуваме температури до близу 40 степени
Денес како што најавивме и изминатите денови го очекуваме максимумот на краткотрајниот топол бран кој ја зафати територијата на нашата Македонија. Денес насекаде во Македонија температурите ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до близу 40 степени. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 37 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9, па токму поради ова препорачуваме да се пијат повеќе течности, но и без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот.
Во продолжение погледнете ги и температурите измерени утринава во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР

Насловната фотографија е превземена од Patuvanja.mk
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија Понеделник 18 Мај 2026 донесе ведро и свежо време со умерена локална облачност. Температурите насекаде беа под просекот за месец Мај. Најсвежо ова утро со 2 степени беше на Попова Шапка а пак највисока минимална температура од 14 степени ова утро беше измерена во Гевгелија. На табелата која утрово ја објави УХМР можете да [...]


by